Ахтисари: Во ЕУ се формира отпор за проширување

Поранешниот пратеник на Обединетите нации за преговорите за Косово Марти Ахтисари, оцени дека внатре, во Европската унија се „формира отпор за понатамошно ширење после приемот на Хрватска“ и дека од таквиот став произлегува опасност која може да ја „разори веродостојноста на Унијата“.
За Пресе, тој изјави дека Косово и Србија ќе станат членки на унијата кога ќе ги исполнат сите потребни критериуми и дека Загреб и Љубљана треба да се охрабрат да бидат разумни и да ги решат недоразбирањата.