Пакистанска офанзива против Талибанците

Пакистанската армија соопштува дека уништила четири воени бази при што убила повеќе од 35 бунтовници. Армијата соопштува и дека опколила 105 талибански бунтовници во долината Сват.
Претходно, пакистанските власти соопштија дека нашле најмалку 41 труп на осомничени талибански милитанти во долината Сват. Тие велат дека Талибанците биле убиени од локалните жители, кои се плашат од нивното враќање, но жителите сметаат дека бунтовниците се егзекутирани од силите за безбедност.