Отпуштени триесетина наставници

Триесетина вработени на определено време во основните училишта во Василево, Иловица и во Босилово, денеска се отпуштени од работа. Образложението е дека им истекуваат договорите за работа, дека немаат доволен фонд на часови и соодветен број паралелки за нивно повторно ангажирање.
Отпуштените наставници веќе го информирале СОНК, со оглед на тоа дека Министерството за образование и Синдикатот имаат договор, според кој сите вработени во образованието кои работат на определено треба да се префрлат на неопределено време.