Бомбашки напад во Дагестан

Еден човек загина, а најмалку деветмина се повредени во експлозија на автомобил-бомба во јужната руска провинција Дагестан, соопштуваат властите. Шестмина од повредените се полицајци.
Властите велат дека напаѓачот ја активирал бомбата, откако бил сопрен од сообраќајна полиција во предградие на главниот град на Дагестан, Махачкала.