Пожарот во Калифорнија сеуште не е под контрола

Пожарот кој се шири во близина на Лос Анџелес во американската држава Калифорнија се уште не е ставен под контрола. Огнената стихија им се заканува на близу 12.000 домови. Пожарот настанал како резултат на топлите воздушни маси и високите температури кои во изминатиов период ја зафатија Калифорнија.