Крај за обичните светилки во ЕУ

Членките на Европската унија, од утре, почнуваат со постепено исфрлање од употреба на обичните светилки со вжарено влакно, соопштува Европската комисија. Унијата се надева дека ќе ги замени обичните светилки со флуоресцентни или халогени светилки кои трошат помалку струја. Тие велат дека со замена на обичните светилки со штедливи, секое семејство може да заштеди повеќе од 70 долари. Во оваа активност на Унијата, денеска се придружи и Таџикистан кој објави дека ќе го забрани увозот на обични свтилки.