Почна судењето за нарушен углед на чеченскиот претседател

Почна судскиот процес во кој чеченскиот претседател бара оштета од 316 илјади долари поради нарушување на неговиот углед, од руската организација за човекови права Меморијал. Директорот на организацијата Олег Орлов, претходно, објави дека е сигурен дека чеченскиот претседател е виновен за убиството на активистката и членка на Меморијал, Наталија Естемирова.
Адвокатот на Орлов вели дека неговиот клиент го соопштил своето мислење и дека процесот против него е напад врз слободата на говор.