Турција ги смирува Ирак и Сирија

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу посредува меѓу Ирак и Сирија за намалување на тензиите кои се појавија откако Ирак ги обвини сириските власти дека ги штитат одговорните за неодамнешниот напад со камион бомба во Багдад. Агенциите јавуваат дека Давутоглу ќе побара итна средба меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји.