Далај Лама во Тајван

Тибетанскиот духовен лидер Далај Лама престојува во посета на Тајван за која Кина оцени дека ќе ги наруши односите меѓу Пекинг и Тајпеј. Далај Лама треба да ги посети жртвите на тајфунот што неодамна го погоди Тајван. Властите во Тајпеј соопштија дека не планираат да се сретнат со Далај Лама.