Критики во иранскиот парламент за соработниците на Ахмадинеџад

Парламентот во Иран денеска ќе ја продолжи дебатата околу номинациите за кабинетот предложени од претседателот на државата Махмуд Ахмадинеџад. Конзервативците и реформаторите критикуваа голем дел од неговите номинации, со образложение дека им недостасуваат квалификации. Во саботата Ахмадинеџад го бранеше пред парламентот кабинетот што го предложи. Гласањето е закажано за утре.