Словенија и Хрватска поблиску до решение на граничниот спор

Словенија и Хрватска соопштуваат дека разговорите за решавање на граничниот проблем што го блокираше Хрватското приближување кон Европската унија се на добар пат. По денешната средба во Словенија, министрите за надворешни работи на двете земји рекоа дека многу е направено, но останува уште многу да се направи. Не се соопштуваат детали од разговорите.
Поради нерешениот граничен спор, Словенија не дозволи да се отворат 14 од 35 поглавја што Хрватска треба да ги исполни за да влезе во Европската унија.