Борби во источен Авганистан

Авганистанските и меѓународни војници уништиле голем бункерски комплекс што го користеле борците лојални на талибанскиот командант Џалалудин Хакани во источен Авганистан. Воените власти соопштуваат дека убиле голем број милитанти.
Џалахудин Хакани е поранешен муџахедински командант што се борел против советската окупација во осумдесетите, а подоцна им се придружил на Талибанците. Тој командува со една од најмоќните талибански мрежи што има блиски врски со Ал Каеда.