Судири во јужен Судан

Најмалку 43 луѓе загинаа во судири меѓу бунтовничките групи на југот на Судан. Во судирите во јужен Судан до сега загинаа повеќе од 2000 луѓе. Според проценките на ОН, таму има повеќе жртви отколку во покраината Дарфур, каде што судирите траат веќе шест години.
Во Дарфур, пак, беа киднапирани двајца вработени на ОН. Киднапирањето доаѓа неколку дена откако, шефот на мировната мисија на ОН во Дарфур оцени дека тамошната војна завршува зашто бунтовниците немаат капацитет за поголеми воени акции.