Хамид Карзаи поблиску до нов претседателски мандат

Актуелниот претседател на Авганистан Хамид Карзаи е во водство пред неговиот главен противкандидат за претседателската функција, по избројани 35 отсто од гласовите, информираат во авганистанската изборната комисија.
Карзаи освоил 46, а неговиот главен противкандидат Абдула Абдула има 35 отсто од пребројаните гласови.
За еден од кандидатите да победи во првиот круг, потребно е да освои најмалку 50 отсто од гласовите.