Иран соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија?

Официјален Техеран соопштува дека Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) потврди оти иранската нукеарна програма е мирновременска. Според извештајот на МААЕ, Иран ја продолжува соработката со агенцијата, вели иранскиот пратеник во МААЕ Али Асгар Солтани.
Претходно, Вашингтон обвини дека извештајот на Агенцијата покажува дека Иран, се уште, целосно не соработува со МААЕ.