Исинбајева повторно соборува рекорди

Руската атлетичарка Јелена Исинбајева, синоќа, на митингот од Златната лига во Цирих постави нов светски рекорд во скок со стап, прескокнувајќи пет метри и шест сантиметри.
Таа и досега беше светска рекордерка со прескокнати 5,05 метри на Олимписките игри во Пекинг.