САД не се откажуваат од базите во Средна Европа

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ги демантира наводите дека се откажува од плановите за изградба на антиракетни бази во Полска и Чешка. Портпаролот на Стејт Департментот Филип Кроули го оцени за неточен написот на полскиот весник ,,Газета Виборшча,, додавајќи дека се уште не е завршен прегледот на американската противракетна стратегија. Во написот се наведува дека Вашингтон сакал антиракетните бази планирани за Средна Европа да ги постави во Израел, Турција и на Балканот.