Во Багдад загинале двајца американски војници


Американската команда во Ирак соопшти дека двајца американски војници загинале денеска кога експлодирала поставена бомба крај еден пат во Багдад. Од американската инвазија во 2003 година досега во Ирак загинале над 4330 американски војници.