Средба Холбрук - Карзаи

Пратеникот на САД за Авганистан Ричард Холбрук имал напорна средба со авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи, пренесуваат новинските агенции. За време на средбата Холбрук изразил загриженост за исходот од претседателските избори кои во Авганистан се одржаа на 20 овој месец. Специјалниот пратеник забележал дека неколкумина претседателски кандидати прогласиле победа на изборите пред објавувањето на официјалните резултати, додавајки дека е загрижен за можни изборни нерегуларности.