Русија и Белорусија ја продлабочуваат економската соработка

Рускиот претседател Дмитриј Медведев и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко се согласиле да почнат меѓувладини разговори за економска и финансиска соработка, соопштува советникот за надворешна политика на Медведев, Сергеј Приходко, по денешната средба на претседателите во Сочи.
Приходко информира и дека е постигнат напредок во разговорите за изградба на нуклеарна централа во Белорусија, со руска помош.