Бизнисмените бараат директни интервенции во клучните економски сектори

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, денеска, побара директни интервенции во клучните сектори кои влијаеја на последниот пад на индустриското производство: металургијата, текстилната индустрија и чевларско-кожарската индустрија. Toj побара и брза реализација на најавените антикризни мерки, нагласувајќи ја кредитната линија за фирмите.