Со беспилотни летала на талибанските скривалишта

Четврица луѓе загинаа, а неколку други се ранети во ракетен напад изведен веројатно од американско беспилотно летало, во северозападен Пакистан. Разузнавачки извори велат дека американското летало истреалало најмалку една ракета кон талибанско скривалиште во село во Јужен Вазиристан.