Канада го подржува македонското членство во НАТО

Канада ги подржува македонските аспирации за влез во НАТО, порачал канадскиот министер за одбрана Питер Гордон Меккеј на средбата со премиерот Никола Груевски, одржана доцна синоќа во Отава. Како што јави МИА, на средбата станало збор за сите прашања поврзани со намерата на Македонија да стане членка и на Европската унија. Претходно, Груевски се сретна со неговиот канадски колега Стивен Харпер со кого потпишаа Договор за социјално осигурување, според кој околу 200.000 македонски иселеници во Канада ќе можат да ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување. Двајцата премиери разговараа и за можноста за укинување на канадските визи за македонските граѓани, за поддршката од Канада за нашето зачленување во НАТО, како и за спорот со Грција околу името.