Македонија потпиша договор за социјално осигурување со Канада

Македонија и Канaда потпишаа договор за социјално осигурување со кој нашите иселеници сега ќе можат да ги остварат своите права на пензиско и инвалидско осигурување. Премиерот Никола Груевски изјави дека договорот е важен за оние Македонци кои ќе сакаат да се вратат и да добиваат канадска пензија во нашата земја. Вакви договори ќе има и со други држави, каде што има многу наши иселеници, како во Австралија. Груевски до неговиот канадски колега Стивен Харпер упатил барање и за укинување на визите за македонските граѓани.