Руски гасовод за Јужна Осетија

Рускиот Газпром го пушти во промет новиот гасовод вреден 467 милиони долари, преку кој населението во Јужна Осетија ќе се снабдува директно со гас. Гасоводот започна да се гради во 2006-та година и е долг 163 километри. Од Газпром велат дека тој е од витално значење, бидејќи оној што досега одел низ Грузија и ја снабдувал Јужна Осетија е ризичен, поради геополитички причини. Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека сега Јужна Осетија може да стане транзитна земја за снабдување на Грузија со природен гас од новиот гасовод.