Документарен филм посветен на Богородица

Почеток на снимањето на филмот

Во црквата Свети Пантелејмон падна првата клапа од играно документарниот филм посветен на Богородица, а насловен како ,,Благослов од заштитничката“. Режисер на филмот е Весна Димитровска, која воедно го глуми и ликот на Богородица, а сценарист е Татјана Гоговска.
Падна првта клапа од играно –документарниот филм „Благослав од заштитничката“. Во црквата Свети Пантелејмон со сними сцената кога родителите ја предаваат тригодишната Богородица во црква исполнувајки го ветувањето кое го дале на Бога на денот на нејзиното раѓање. Режисер на „Благослов на заштитничката“ е Весна Димитровска, која го глуми и ликот на Богородица. Но, на самиот почеток додека Мајка Богородица е дете во филмот игра шестгодишната Марија Недева.

„Овде е големо прашањето како да се толкува ликот на Мајката Божја, толку племенита, толку мила. Таква закрилничка, вистинска мајка, мајка кон сите, значи многу позитивни карактеристики во нејзиниот лик, кој најмногу да доминира кој микс да го направам, кој аражман од тија карактери многу во нејзе што се. Значи останува да ме води силата Божја да го толкувам ликот така како ќе ми кажува инстиктот“

вели актерката и режисер Весна Димитровска. Играно–документарниот филм „Благослов од заштитничката“ има за цел да го престави славењето и верувањето на верниците како и служењето на свештениците во името на Бога. Филмот е составен од три целини и секоја ќе се снима посебно. Освен на светицата Мајка Богородица филмското остварување е посветено и на шесте светители на црквите во Велес, Свети Никола, Свети Димитрије, Света Петка, Свети Јован, Свети Димитрија и Свети Пантелејмон. Покрај Весна Димитровска во „Благослов од заштитничката" играат актерите Роберт Вељановски, Драган Миладинов, Роберт Ристов, Валентина Божиновска и други. Цели осум месеци Татјана Гоговска работела на сценариото за овој докумнетарен филм.

„Првпат се снима филм за Пресвета Богородица во Македонија но и на Балканот. Тука се вклопуваат сите светци што се патрони на црквите и што ги има насекаде низ Македонија. Ги поврзуваме во своите житија со животот на Мајката Божија. Нормално тука е неминовно во цело време постојано присутен но невидлив да е ликот на Синот Божји, на Исус Христос.“

вели сценаристот Гогова. Играно-документарниот филм „Благослов од заштитничката" го работи КАТ продукција под покровителство на Повардарската Епархија. Тој е ниско буџетен филм со проекција од околу 13 000 евра. Го финансираат спонзори, а помош се очекува и од градот Велес и министерството за култура.Очекувањата се дека филмот ќе биде готов во јануари наредната година.