Словенија и Хрватска работат на решавање на граничниот спор

Словенија и Хрватска интензивно работат на подготвување документ со кој прашањето на границите би се решило на договорен начин и во интерес на двете држави, изјави словенечкиот премиер Борут Пахор.
Тој рече дека разговорите за подготовка на нацрт-документот кој би довел до деблокада на пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, се во тек.