Ставревски: Црвенковски се служи со стари методи

Oпозицискиот лидер, и натаму, се служи со стари методи, ги користи меѓуетничките тензии за да биде актуелен и замислува имагинарен непријател за да се претстави себеси како спасител, оцени вицепремиерот Зоран Ставревски, коментираќи ги обвинувањата на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
„Тоа веќе не поминува кај македонските граѓани. Од друга страна ние работиме за излез од светската економска криза, од дупката во која не оставија во изминатите 19 години, од капитализмот од латиномарикански тип на Црвенковски, во кој малку луѓе се богатеа, а мнозинството страдаа“, рече Ставрески.
Црвенковски претходно и забележа на власта за „режимска медиумска пропаганда“, за поделби меѓу народот, за рушење на одредени изградени цивилизациски вредности и достигнати права и слободи.