Светските лидери му оддаваат почит на сенаторот Кенеди

Американскиот претседател Барак Обама му оддаде почит на денеска починатиот американски сенатор Едвард Кенеди. Обама рече дека смртта на Кенеди затвора епско поглавје во американскиот политички живот. Поранешниот британски премиер Тони Блер рече дека Кенеди вистински и служеше на јавноста и беше посветен на вредностите на чесноста, праведноста и можност, додека италијанскиот претседател Џорџо Наполитано го опиша како голем протагонист на американскиот јавен живот. Едвард Кенеди, брат на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, беше клучна фигура во Демократската Партија и еден од највлијателните американски сенатори.