Кина во обид да ги ограничи прекумерните инвестиции во индустријата

Кинеската влада соопшти дека ќе се обиде да ги ограничи прекумерните инвестиции во индустријата, пред се во челичната и во индустријата за цемент. Се претпоставува дека прекумерните инвестиции се резултат на големиот владин стимулативен план, усвоен за борба против економската криза. Стимулативниот план од 586 милијарди долари предвидува големи вложувања во изградбата на автопати и други јавни објекти, што резултираше со зголемено производство во индустриите за цемент и за челик.