Венецуела ќе ги прекине дипломатските односи со Колумбија

Претседателот на Венецуела Уго Чавез изјави дека неговата земја се подготвува да ги прекине дипломатските односи со Колумбија. Тензиите меѓу Венецуела и Колумбија се зголемуваат во последниве недели поради преговорите на Богота со Вашингтон за зголемување на американското воено присуство во неколку бази во Колумбија, во рамките на борбата против шврецерите со дрога и левичарските бунтовници.