Договор за социјално осигурување меѓу Македонија и Канада

Република Македонија и Канада денеска во Отава ќе потпишат Договор за социјално осигурување, што претставува прв таков договор со некоја од прекуокеанските држави во кои живеат македонски иселеници. Договорот, што ќе биде потпишан за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Канада, ќе им овозможи на многубројните иселеници во Канада да ги остварат своите права од пензиското и инвалидското осигурување, односно остварените пензии во Канада да се трансферираат во Македонија ако корисникот се врати да живее во земјава.