Каменувани возила на ЕУЛЕКС во Приштина

Три косовски полицајци и еден активист на движењето Самоопределување се повредени во денешниот инцидент, до кој дојде кога активисти на Самоопределување почнале да демолираат авотомобили на мисијата на Европската унија во Приштина. Косовската полиција соопштува дека се оштетени 28 возила на ЕУЛЕКС и дека привеле 21 човек.
Движењето соопшти дека нивната акција биле во знак на протест поради делувањето на ЕУЛЕКС, а особено поради најавеното потпишување на протокол за соработка во областа на организираниот криминал меѓу ЕУЛЕКС и министерството за внатрешни работи на Србија.