Бакојани: Решавачка фаза во преговорите за името

Преговорите за спорот со името што се водат под покровителство на ОН влегуваат во решавачка фаза, изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани.
Бакојани, како што пренесуваат грчките медиуми, рече дека претстои важен шестмесечен период за решавање на клучни прашања од грчката надворешна политика меѓу кои е и спорот за името.
„Целта е да се постигне заемно прифатливо решение без победници и победени“, вели Дора Бакојани.