Истрага за истрагите на ЦИА

Американскиот министер за правда Ерик Холдер го избра сојузниот обвинител Џон Дурам да ја предводи истрагата за наводите дека ЦИА лошо постапувала со осомничените за тероризам. Холдер ја донесол оваа одлука откако ги прочитал тајните документи за сослушувањето на затворениците во Ирак и Авганистан. Неодамна Белата Куќа објави документи на ЦИА со детали за постапувањето спрема осомничените терористи.