САД, Северна Кореа, можни први директни контакти

Северна Кореа го покани американскиот пратеник во разговорите за севернокорејската нуклеарна програма Стивен Босворд во идниот месец да го посети Пјонгјанг. Јужнокорејските медиуми оценуваат дека оваа покана претставува нов момент во преговорите на меѓународната заедница со Северна Кореа. Доколку Босворд ја прифати поканата тоа ќе бидат први билатерални преговори меѓу Пјонгјанг и администрацијата на претседателот Барак Обама за нуклеарното прашање.