Израелски воздушен напад, тројца загинати

Тројца палестинци загинале, а деветмина други биле ранети во израелскиот воздушен напад врз два тунела за криумчарење меѓу Појасот Газа и Египет, јавуваат агенциите, повикувајќи се на палестински болнички извори. Израелска војска соопшти дека акцијата била преземена поради вчерашниот ракетен напад врз југот на Израел во кој бил ранет еден војник.