Србија и ММФ договорија повисок буџетски дефицит

На средбата на претставници на српската Влада со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера беше постигната согласност дека е неопходно да се преземе повисок буџетски дефицит, а деталите за реализација на таа одлука ќе бидат дополнително утврдени. Српскиот премиер Мирко Цветковиќ ја изложи пред претставниците на ММФ стратегијата на Владата, која предвидува реформи во јавниот сектор со цел намалување на расходите. Претставниците на ММФ го оценија тоа како нужна мерка, која ќе даде позитивен резултат на среднорочен план.