Јушченко: Украина поблиску до евроинтеграција

Украинскиот претседател Виктор Јушченко, во говорот, по повод 18-годишнината од независноста на Украина, ги критикуваше сите што, како што рече, се обидуваат да ни кажуваат како треба да живееме.
Јушченко се фокусираше на „Портокаловата револуција“ од 2004 година и рече дека Украина се приближува кон нејзината цел, а тоа е влегување, во како што вели „слободното европско семејство на народите“.
Русија остро се противи на евентуалното зачленување на Украина во НАТО.