Американски војници во Ирак тепале колега до смрт

Суровоста и малтретирањето од другите војници довеле до смрт на еден американски војник во Ирак, покажува истрагата, соопшти американската армија.
Американското министерство за одбрана соопшти дека 19-годишниот војник починал на 4 август во ирачката провинција Мајсан, од повреди кои не се здобиени во битка.
Армијата, во петокот, соопшти дека четворица војници се обвинети за безмилосно малтретирање на војници од нивниот вод.