Загинале 5000 американски војници во изминативе 8 години

Најмалку 4337 американски војници загинале во Ирак, во изминативе 6 години, соопшти Пентагон. Од март 2003 година, во Ирак се ранети повеќе од 31 илјада припадници на вооружените сили.
Пентагон соопшти дека најмалку 716 војници загинале во, или околу, Авганистан, од почетокот на војната против тероризмот во септември 2001 година, пренесува Гласот на Америка. Ранети се повеќе од 3500 војници. Американскиот секретаријат за одбрана наведува дека, во антитерористички операции во други земји, за овие осум години, загинале уште 69 војници.