Погребан поранешниот јужнокорејски претседател

Поранешниот претседател на Јужна Кореја и добитник на Нобеловата награда за мир, Ким Дае Јунг, е погребан со највисоки државни почести, денеска во Сеул.
На погребот присуствуваше и висока севернокорејска делегација, пратена од лидерот Ким Јонг Ил. Неколку часови пред погребот, севернокорејската делегација се сретна со јужнокорејскиот претседател Лиу Мијун Бак.
Поранешниот јужнокорејски претседател даде голем придонес во напорите за помирување меѓу Северот и Југот. На историскиот самит во 2000 година во Пјонгјанг, поранешниот јужнокорејски претседател се сретна со неговиот колега од Северот, Ким Јонг Ил.