100 германски професори под истрага за мито

Обвинителството во Келн води истрага против 100 германски професори осомничени дека примале мито за да им овозможат на студентите да докторираат, пишува германскиот магазин Фокус.
Портпаролот на келнското обвинителство за Фокус изјавил дека се верува дека професорите примале мито, преку фирма-посредник.
Според Фокус, професорите наводно земале меѓу 4 и 20 илјади евра, за побрзо да им одобрат докторат на студентите.