Узбекистан го предаде телото на убиениот Таџикистанец

Узбекистан на Таџикистан му го предаде телото на таџикистанскиот граѓанин, кој, минатиот месец, беше застрелан од узбекистанските граничари, соопштија таџикистанските власти. Таџикистанецот, наводно, се обидел нелегално да влезе во Узбекистан.
Таџикистанецот бил застрелан од узбекистанските граничари на 22 јули. Потоа граничарите го однеле во најблиската болница, каде што починал пред неколку дена, поради повредите.
Таџикистанските власти и семејството на убиениот, за Радио Слободна Европа изјавија дека за инцидентот дознале дури денеска.