Пакистанските Талибанци со нов лидер

Пакистанските Талибанци го назначија Хакимулах Мехсуд за наследник на лидерот Бејтула Мехсуд, вели еден од челниците на талибанското движење, Мула Факир Мохамад. Се верува дека Бејтула Мехсуд загина во американски ракетен напад.
Мохамад, за агенцијата Франс Прес, изјави дека Бејтула Мехсуд е жив, но оти е сериозно болен.
Наследникот е близок соработник на досегашниот лидер.