Ингушетискиот претседател најави безмилосна борба против тероризмот

Борбата против тероризмот ќе продолжи безмилосно, порача претседателот на Ингушетија Јунус Бек Јевкуров, по враќањето во земјата. Два месеци, тој беше во болница во Москва, поради тешки повреди на главата што ги доби во обид за атентат во близина на главниот град на Ингушетија, Назран.
Кремљ, лани, го назначи поранешниот падобрански командант Јевкуров за претседател, за да ја води борбата против растечкото насилство во земјата.