Нови жртви во Ирак

Тројца ирачки војници загинаа, во два одделни напади, соопштува ирачката полиција. Двајца војници биле застрелани на контролен пункт во шиитски кварт во Багдад. Еден војник загинал во градот Бакуба, во експлозија на бомба.