Усеин Болт со нов рекорд на 200 метра

Спринтерската сензација од Јамајка Усеин Болт постигна уште еден рекорд на Светското Првенство во Атлетика. Во Берлин тој 200 метра истрча за 19.19 или за 11 стотинки подобро од неговиот бивш рекорд. 23 годишниот Усеин Болт на сто метра постави рекорд на истото Светско Првенство во Германија.