Запад ги поздрави изборите во Авганистан

Во Авганистан се пребројуваат гласовите по вчерашните локални и претседателски избори кои и покрај нискиот одзив поради безбедносните закани од талибанците се поздравени од меѓународната заедница. Американскиот Претседател, Нато и други западни земји ја поздравија храброста на авганистанците како успех и посветеност во изградбата на демократијата. Според асошиетед прес излезот бил меѓу 40 и 50 насто, што е помалку од 70 те проценти во 2004 година. Во вчерашните инциденти поврзани со изборите загинале 26 припадници на безбедносните сили и цивили и над 20 талибанци