18 мртви во рудник за дијаманти во Конго

Најмалку 18 рудари загинаа, во несреќа, во рудник за дијаманти во централно Конго, соопштуваат властите. Рудникот се срушил вчера, а денеска се извлечени телата на 9 загинати рудари. Останатите 9, се уште, се затрупани, велат во локалниот синдикат. Конго е богат се злато и со дијаманти.